(СВЕТ) – Мислите дека корпоративните говори секогаш се досадни ? Yeah right :)
Извршниот директор на Публицис Групацијата, Г-дин Маурис Леви, со оригинална интерактивна честитка на YouTube ја честитка Новата Година, но што е уште поважно, за никој да не каже дека неговиот корпоративен говор бил досаден, оваа честика навистина Ви овозможува добра забава.
Што е финтата?
Дечките од Публицис направија интерактивно YouTube видео кое можете да го синхронизирате со Вашиот мобилен уред, кој потоа се претвора во џојстик и со кој можете да контролирате една “карневалска канџа“ и да собирате плишани мечиња :) Само внимавајте што правите со канџата, може да се случат и некои непредвидливи работи :)
Како да учествувате ?
1. Одете на следниов линк од вашиот PC : publicisgroupewishes2015.com
2. Изгледајте ги неколкуте секунди од видеото што ќе стартува кога го кликнавте претходниот линк….и во Вашиот смартфон внесете го url-то кое ќе го добиете на крајот од видеото
3. Сега Вашиот смартфон е синхронизиран со видеото што го гледате на PC и можете да ја управувате канџата и да собирате плишани мечиња :)
Браво мистер Леви, штотуку го оддржавте првиот интерактивен корпоративен говор на YouTube !