Home » Extra 5 » Учествувајте во интерактивната честитка на CEO-то на Publicis

Учествувајте во интерактивната честитка на CEO-то на Publicis

(СВЕТ) – Мислите дека корпоративните говори секогаш се досадни ? Yeah right :)

Извршниот директор на Публицис Групацијата, Г-дин Маурис Леви, со оригинална интерактивна честитка на YouTube ја честитка Новата Година, но што е уште поважно, за никој да не каже дека неговиот корпоративен говор бил досаден, оваа честика навистина Ви овозможува добра забава.

Maurice Levy

Што е финтата?

Дечките од Публицис направија интерактивно YouTube видео кое можете да го синхронизирате со Вашиот мобилен уред, кој потоа се претвора во џојстик и со кој можете да контролирате една “карневалска канџа“ и да собирате плишани мечиња :) Само внимавајте што правите со канџата, може да се случат и некои непредвидливи работи :)

Како да учествувате ? 

1. Одете на следниов линк од вашиот PC : publicisgroupewishes2015.com

2. Изгледајте ги неколкуте секунди од видеото што ќе стартува кога го кликнавте претходниот линк….и во Вашиот смартфон внесете го url-то кое ќе го добиете на крајот од видеото

3. Сега Вашиот смартфон е синхронизиран со видеото што го гледате на PC и можете да ја управувате канџата и да собирате плишани мечиња :)

Браво мистер Леви, штотуку го оддржавте првиот интерактивен корпоративен говор на YouTube !

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365