По заминувањето на Перо Моцан за нов Извршен Директор на винаријата Сковин АД е назначен Тодор Сејзов.
Сејзов е дипломиран економист и има долгогодишно искуство на управувачката позиција Директор на продажба во Лотарија на Македонија.
“Новата функција е уште еден нов, голем предизвик во мојата професионална определба. Македонија има огромен потенцијал за развој на винскиот сектор како во рамките на нашата земја така и во регионот па и пошироко. Секако дека Сковин е веќе докажан бренд и подолг период извезува вино во Европа, Русија, Јапонија и Канада. Пробивањето на нови пазари и запознавањето на културата и навиките на тамошното население ни дава дополнителен стимул и желба за работа и адаптирање на нашиот финален производ во согласност со барањата и потребите на крајниот конзумент. Во моментов сме во преговори за проширување и освојување на поголем дел од Кинескиот пазар. Во однос на домашниот пазар новина е соработката со нашиот нов дистрибутер Гемак“ – вели Сејзов.