Владата на РМ ќе спроведе масовна кампања за промоција „на значењето и потребата за консумирање здрава храна и избегнување храна со несоодветен квалитет по здравјето на граѓаните“.
Агенцијата за продукција и снимање филмови „Аквариус дизајн“ ќе треба да ги осмисли телевизиските и радио спотовите, агенцијата „Маркет висион“ ќе го изработува логото, ПР стратегијата, веб банерите и флаерите, додека пак агенцијата „Њу момент њу идеас компани“, ќе биде задолжена за подготвување и реализација на медиа план, закуп на медиумски простор и внатрешно и надворешно рекламирање.
Според информацијата за склучени договори од Бирото за јавни набавки, буџетот за целата кампања е предвиден на околу 500 илјади евра.