Home » Во фокусот » Владата ќе реализира кампања за промоција на здравиот начин на исхрана

Владата ќе реализира кампања за промоција на здравиот начин на исхрана

Владата на РМ ќе спроведе масовна кампања за промоција „на значењето и потребата за консумирање здрава храна и избегнување храна со несоодветен квалитет по здравјето на граѓаните“.

kampanja za zdrava ishrana - здрава исхрана - кампања

Агенцијата за продукција и снимање филмови „Аквариус дизајнќе треба да ги осмисли телевизиските и радио спотовите, агенцијата „Маркет висион“  ќе го изработува логото, ПР стратегијата, веб банерите и флаерите, додека пак  агенцијата „Њу момент њу идеас компани“, ќе биде задолжена за подготвување и реализација на медиа план, закуп на медиумски простор и внатрешно и надворешно рекламирање.

Според информацијата за склучени договори од Бирото за јавни набавки, буџетот за целата кампања е предвиден на околу 500 илјади евра.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365