Новиот „СН Сообраќаен Центар“ во првата деловна година ќе вработи 100 лица
Во присуство на владини претставници, соработници, партнери компании и граѓани, вчера вечер во Битола беше отворен нов мултифункционален деловен комплекс „СН Сообраќаен Центар“, инвестиција на „СН Осигурителен Брокер“ АД Битола, вредна 5,5 милиони евра.
На 17.000 м2, новиот мултинаменски центар вклучува: станица за технички преглед, автоматска перална за лесни и тешки возила, автомеханичарски и вулканизерски сервис, договорна пошта, хотел за гуми, автосалон и овластен сервис на TOYOTA, автосалон на FORD, тобако и кафетерија. Во рамките на центарот се наоѓа и aдминистративна зграда во која се сместени канцелариите на Финансиско друштво „СН Финансии“, Туристичка агенција „ЈК Травел“, „Webiart Solutions“ – дигитален маркетинг и веб-софтверски решенија.
Дополнително, во рамкте на центарот е поставена и мерна станица – сензор, донација од компанијата „СН Осигурителен Брокер“ АД Битола која, потврдувајќи го уште еднаш своето општествено одговорно делување, ја поддржаа платформата „ЗЕМИ ЗДИВ“ за мерење на квалитетот на воздухот и со оваа донација даде свој придонес кон истата. Оваа мерна станица е во близина на државната мерна станица Битола 1 и ќе им овозможи на граѓаните на Битола, во секое време, да бидат информирани за квалитетот на воздухот.
„Денеска го отворивме мултинаменскиот центар „СН Сообраќаен Центар“ кој обединува голем број на услуги и има за цел комплетно да ги олесни секојдневните обврски на граѓаните. „СН Сообраќаен Центар“ претставува центар за сите генерации без разлика на возраста. Токму затоа денеска имаме посетители од сите возрасти, вклучително и децата од градинките “Пролет“ и “Бонбончиња“ кои попладнево го посетија новиот „СН Сообраќаен Центар“, а за кои подготвивме специјална програма. Дополнително, на градинката ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, „СН Осигурителен Брокер“ и додели вредносен ваучер од 500 евра за набавка на бела техника за потребите на градинката“ – изјави Марија Илковска, Маркетинг менаџер во „СН Осигурителен Брокер“, Битола.
Програмата по повод отворањето ја водеше битолскиот актер Петар Горко, а во забавниот дел настапија групата „Фонтана“ и единствената Каролина Гочева.
Новиот мултифункционелен центар „СН Сообраќаен Центар“ е сместен на на Ул: „Михаил Апостолски Дончо“ (Новачки пат). Изградбата на центарот е започната во 2016 година и завршена согласно предвидениот рок и динамика. Инвеститор на објектот, осигурителното брокерско друштво „СН Осигурителен брокер“ АД Битола во првата деловна година, во овој мултинаменски центар ќе вработи 100 лица.