Home » Extra 5 » Во иднина нашиот идентитет ќе биде доволен за плаќање

Во иднина нашиот идентитет ќе биде доволен за плаќање

Футурологот Дејвид Бирч е еден од најголемите светски авторитети на темата „плаќање“.  Financial Brand го има прогласено за еден од десетте највлијателни експерти во банкарството, а списанието Total Payments го смета за највлијателниот европски коментатор за иднината на плаќањето. Советник е на најголемите финансиски организации за прашања поврзани со електронските трансакции и постојан коментатор за BBC Sky. На конференцијата Future Tense, која ќе се одржи на 2 октомври во Загреб, Бирч ќе зборува за иднината на плаќањето.

Футурологот Бирч тврди дека нашиот идентитет длабоко се менува, исто како и парите, а токму благодарение на технолошките промени, двете движења конвергираат. Од тоа произлегува дека се’ што ќе ни биде потребно за трансакции во иднина е нашиот идентитет заробен во единствениот запис за нашата онлајн социјална комуникација. Бирч предвидува дека токму социјалните мрежи и мобилните телефони се клучните технологии во споменатите промени, односно тие ќе ја овозможат изградбата на инфраструктурата на идентитетот која ќе ја подобри приватноста и сигурноста на корисниците. Долгорочните последици на овие промени е невозможно да се предвидат, дел поради тоа што нивниот облик ќе зависи од тоа какви компании ќе нудат услуги на трансакции, но сигурно предвидување на ова поле е дека парите наскоро ќе бидат излишни. На нивно место ќе гледаме нови дигитални валути.

Технологијата, истакнува Бирч, ги претвори парите од физички предмети во нематеријална информација. Со доаѓањето на паметните карички, мобилните телефони и Биткоинот, стана многу полесно од кога и да било да се создадат нови форми на пари. Стана важно парите да бидат неодвоиво поврзани со нашиот идентитет. Нашата картичка или телефон се сигурносен уред кој може да не’ идентификува и да ги поврзе информациите за состојбата на нашата сметка. Користењето на готовина веќе е во пад, и сигурно е дека ќе исчезне. Најновата технологија ќе овозможи „паметни пари“, а тоа ќе бидат пари кои ќе ја одржуваат вредноста на заедницата која го произвела.

Дејвид Бирч на конференцијата Future Tense доаѓа со поддршка на Addiko Banka, а по повод тоа претседателот на Управата на Addiko Banka Марио Жижек, изјави: „За утре да бидете подобри, денес мора да ги засукате ракавите. Сите сме сведоци како опкружувањето во кое живееме и работиме се менува со неверојатно темпо, кое дополнително и ќе забрзува. Составен дел на работата на Addiko Banka е континуирана трансформација во помодерна и поиновативна организација. Мислам дека во следните неколку години, токму во сегментот на плаќањето, ќе ги видите и најголемите промени.“

Интересно е што токму Бирч е, популарно речено, „инфлуенсер“ кој влијае врз иноваторите – неговиот Твитер профил го следат Бил Гејтс и Ричард Бренсон. Покрај се’ останато, Бирч е основач и на Consult Hyperion, независна консултантска компанија и автор на неколку книги: „Before Babylon“, „Beyond Bitcoin“, „Identity is the New Money“ и „Digital Identity Management“.

Покрај Бирч, на конференцијата Future Tense ќе зборуваат и футурологот за прехрамбената индустрија Моргејн Геј, која ќе зборува на тема микро и макро трендови во прехрамбената индустрија, потоа Гер Леонхард ќе зборува за влијанието на развојот на технологиите во развојот на човештвото и футурологот Арик Дром за паметни градови.

Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на официјалниот веб-сајт: www.futuretense.eu.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365