Lisbon Health International Festival е името на новооснованиот меѓународен адвертајзинг фестивал со седиште во Лисабон, Португалија, кој ќе биде исклучиво посветен на комуникациите, адвертајзингот и дизајнот во здравствениот сектор.
Фестивaлот ќе фунционира како дел од поголемиот Lisbon International Advertising Festival, светски адвертајзинг фестивал кој пред 3 години го стави Лисабон на картата како еден од главните градови за адвретајзинг индустријата.
Според зборовите на Ана Фирмо Фереира, CEO на Lisbon Awards Group: „Новиот фестивал ќе има за задача да ја наградува една од најбрзо растечките области во глобалниот адвертајзинг, која, поради тоа, заслужува и свој сопствен фестивал,“ додавајќи дека: „Ова е еден понатамошен чекор кој го определува Лисабон како еден од главните градови во светот на адвертајзинг креативноста.“
Рокот за пријавување на фестивалот е веќе отворен и трае до 30 април. Процесот на пријавување е едноставен, брз и целосно се одвива онлајн.
Подетални информации поврзани со новиот адвертајзинг фестивал може да се најдат на веб страната: www.lisbonhealthfestival.com.