Home » Extra 5 » Во Лисабон основан нов меѓународен адвертајзинг фестивал посветен на здравствениот сектор

Во Лисабон основан нов меѓународен адвертајзинг фестивал посветен на здравствениот сектор

Lisbon Health International Festival е името на новооснованиот меѓународен адвертајзинг фестивал со седиште во Лисабон, Португалија, кој ќе биде исклучиво посветен на комуникациите, адвертајзингот и дизајнот во здравствениот сектор.

Фестивaлот ќе фунционира како дел од поголемиот Lisbon International Advertising Festival, светски адвертајзинг фестивал кој пред 3 години го стави Лисабон на картата како еден од главните градови за адвретајзинг индустријата.

Според зборовите на Ана Фирмо Фереира, CEO на Lisbon Awards Group: „Новиот фестивал ќе има за задача да ја наградува една од најбрзо растечките области во глобалниот адвертајзинг, која, поради тоа, заслужува и свој сопствен фестивал,“ додавајќи дека: „Ова е еден понатамошен чекор кој го определува Лисабон како еден од главните градови во светот на адвертајзинг креативноста.“

Рокот за пријавување на фестивалот е веќе отворен и трае до 30 април. Процесот на пријавување е едноставен, брз и целосно се одвива онлајн.

Подетални информации поврзани со новиот адвертајзинг фестивал може да се најдат на веб страната: www.lisbonhealthfestival.com.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365