Штипскиот универзитетот „Гоце Делчев“ од годинава отвори диспезирани студии за новинарство и односи со јавноста во Скопје, што ќе функционираат во рамки на Правниот факултет. Станува збор за новоакредитирана програма, која веќе една година функционира во Штип.
–Програмата е структурирана согласно студиските програми од оваа област на истакнати универзитети во Европа и светот. Најголем дел од предметите се задолжителни и тоа стручни предмети, што е многу битно за студентите кои понатаму се усовршуваат во оваа насока– изјави доц. др. Сузана Џамтоска- Здравковска
Стручните предмети се од областа на новинарството, односи со јавноста, комуникација и медиуми, а целта е да се подготват студентите за работа и како новинари, но и како лица за односи со јавноста.