Home » Extra 5 » Забранета реклама на Volkswagen во Велика Британија поради „поттикнување на опасно возење“

Забранета реклама на Volkswagen во Велика Британија поради „поттикнување на опасно возење“

Регулаторното тело за адвертајзинг на Велика Британија (Advertising Standards Authority) забрани две верзии на рекламата на Volkswagen за промоција на безбедносните функции на моделот Polo.

Двете верзии на рекламата од по 60 и 30 секунди, создадени од агенцијата Adam & Eve/DDB, го прикажуваат израснувањето на едно момче преку серија „несреќи“ со неговиот велосипед, и потоа мопед, за на крајот да биде прикажан како возач на Volkswagen автомобил кој избегнува две вистински несреќи, благодарение на безбедносните функции на автомобилот.

Шест луѓе се пожалиле на Регулаторното тело дека рекламите биле „неодговорни“ и дека поттикнувале опасно возење преку пренагласување на корисноста на безбедносните функции на возилото.

И покрај деталната одбрана од Volkswagen, Регулаторното тело одлучи дека двете верзии на рекламата го нарушиле кодексот за емитување и дека не смеат да се прикажуваат повеќе во сегашната форма.

Според нив, подолгата верзија на рекламата прикажува како возачот се обидува да ја промени сообраќајната лента без да погледне на ретровизорот, по што за малку ќе се судрел со камион. Во пократката реклама е прикажан само вториот инцидент, во кој возачот кочи нагло за да не удри во пешак. Инцидентот е проследен со натписот “For Life’s Adventurers” и заедно со сугестивноста на рекламата дека се работи за возач-почетник, имплицирале дека има „преголемо потпирање врз безбедносните функции на автомобилот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365