Home » Во фокусот » Започна 13-тата ПРО.ПР конференција

Започна 13-тата ПРО.ПР конференција

Во хотелот Малин, во Малинска, на островот Крк свечено беше отворена 13-тата по ред ПРО.ПР конференција. Предизвиците на комуникацијата во јавниот сектор и брендирањето и брендовите во односите со јавноста се клучните теми на овогодинешната конференција која ќе спои над 200 регионални лидери од ПР индустријата.

Претседателот на организацискиот одбор на ПРО.ПР конференцијата, господин Даниел Колетиќ и господин Чарлс Скинер свечено ја отворија конференцијата.

Daniel Koletic

Даниел Колетиќ

Само оние кои се спремни и на промените во односите со јавноста, се тие кои ќе опстанат. Иако пазарите во регионот се среќаваат со транзиција на генерацијата и потрошувачките навики, помеѓу класично-традиционалното и ново-дигиталното перцепирање на комуникациските пораки, односите со јавноста ќе одиграат една од клучните улоги во тие промени. Благодарејќи на дигиталната доба се креирааат нови работни места, со кои и односите со јавноста доживуваат нов препород.“ , истакна Даниел Колетиќ.

Вкупно 15 предавања и две тркалезни маси се предвидени да се одржат на ПРО.ПР до утре кога завршува конференцијата.

Вечерва ќе бидат доделени и ПРО.ПР наградите кои се доделуваат на поединци, а не проекти.Вкупно 18 стручњаци од 12 земји и оваа година ќе ги добијат овие признанија а како што претходно најавивме, овогодишен добитник на ПРО.ПР признанието за Македонија ќе биде Росана Јанков од АМСМ.

Минатогодишен добитник на ПРО.ПР признанието за особен придонес во развој на комуникациската индустрија во Македонија, беше Емилија Зографска од ОНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365