Home » Во фокусот » Заврши Eurobest 2015, агенција на годината е Adam&EveDDB од Лондон

Заврши Eurobest 2015, агенција на годината е Adam&EveDDB од Лондон

Eurobest 2014 awards 2

Лондонската агенција Adam&EveDDB продолжува со успешната жетва на награди и оваа година освојувајќи уште едно признание, овојпат во Антверп на најпрестижниот европски огласувачки фестивал Eurobest каде и годинава е прогласена за Агенција на годината исто како и лани.

Најмногу награди по земји, освои Франција, дури 71, а неа ја следат Германија и Велика Британија. Овој Евробест за поздравување е и одличниот резултат на романската огласувачка сцена која освои дури 12 награди, меѓу кои и Гранд При наградата во категоријата Промоција и активација за кампањта “Sunday Grannies“, на McCann Erickson Букурешт за клиентотVodafone.

Супер успех направи и Швајцарија која годинава освои 16 награди, меѓу кои и две Гранд При  во категоријата Односи со јавност и тоа за кампањата со посебното издание на магазинот Vangardist (пишувавме за кампањава на М365, прочитајте тука) на агенцијата Saatchi & Saatchi Женева.

Агенцијата на годината Adam&EveDDB од Лондон освои вкупно три Гранд При награди, сите се за кампањи направени за еден клиент – John Lewis. Првите две награди ги добија во категориите Филмски огласи и Целосна огласувачка кампања за проектот “Monty Christmas“ а третата Гранд При награда ја добија за проектот “Tiny Dancer“.

Од нашиов регион за издвојување е среброто кое го освои New Moment New Ideas Белград за кампањата “Копче за помош“ во категоријата Надворешно огласување и бронзата на агенцијата Imago од Хрватска за кампањата “Согласка за живот“ која пред само две недели освои Grand Sempler на Sempl фестивалот.

Агенциска мрежа на годината е DDB Worldwide, независна агенција на годината е шведската Forsman & Bodenfors , медиска агенција на годината е Universal Media од Букурешт, додека пак наградата за најдобра продукциска куќа ја доби Blink Productions.

Сите останати победници и финалисти може да се погледнат на ОВОЈ линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365