HBO оствари соработка со преку 100 брендови пред премиерата на осмата и последна сезона на серијата Game of Thrones, но постои еден маркетинг партнер кој телевизиската мрежа не сака да го има – американскиот претседател Доналд Трамп.
Имено, во пресрет на објавувањето на извештајот на Милер, претседателот Трамп на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која беше испишано „Game Over“ во истиот фонт како логото на Game of Thrones.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 18, 2019
HBO одговори со соопштение неколку часа подоцна: „Иако го разбираме ентузијазмот за Game of Thrones откако пристигна последната сезона, сепак преферираме нашата интелектуална сопственост да не биде употребувана во политички цели.“
Ова е втор пат како Трамп го искористува Game of Thrones во своите политички пораки, откако во ноември објави фотографија на која пишуваше “Sanctions are coming“, игра на зборови на слоганот “Winter is Coming” од Game of Thrones, пред имплементирањето на санкции против Иран.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 2, 2018
Твитот и тогаш предизвика реакција од HBO: „Не бевме запознаени со оваа порака и преферираме нашите трговски марки да не бидат злоупотребувани во политички цели.“