Државниот завод за статистика го објави извештајот за просечно исплатените месечни нето-плати по вработен, за октомври 2014 година.
Вработените во маркетингот се најплатени на пазарот во Република Македонија. Според податоците на државната статистика, месечно заработуваат во просек по 49.479 денари. Во однос на октомври минатата година, платите во овој сектор се зголемиле за 49,7%, додека од почетокот на годината до октомври за речиси 23%.
Веднаш зад нив се вработените во финансиските услуги и дејностите во осигурувањето. Просечната исплатена плата изнесува 48.740 денари. Следуваат вработените во воздухопловниот транспорт со речиси 46 илјади плата . Најбараните професии на пазарот – програмерите и Ит техничарите заработуваат во просек по 40 илјади денари. Вработените во фармацијата, енергетскиот сектор, консалтинг услугите земаат плата од 37 до 39.000 денари.
Според статистиката, просечната исплатена нето плата во октомври изнесува 21 717 денар. што е порасат за 2,2% во споредба со октомври минатата година. За истиот период пак, 1,4% од вработените воопшто не зеле плата.
Благ пораст на месечните примања има во рударството., градежништвото, здравствната и социјалната заштита. Според пресметките на статистиката, во просек по 26.860 денари се примањата во вработените во рудаството. Градежниците земаат над 19 илјади, а здравствените и социјалните работници по 24 и 500 денари.
Прочитајте и: