Home » Extra 5 » Вработените во секторот маркетинг се најплатени во Македонија

Вработените во секторот маркетинг се најплатени во Македонија

Државниот завод за статистика го објави извештајот за  просечно исплатените месечни нето-плати по вработен, за октомври 2014 година.

Вработените во маркетингот  се најплатени  на пазарот во Република Македонија. Според податоците на државната статистика,  месечно заработуваат во просек по 49.479 денари.  Во однос на октомври минатата година, платите во овој сектор се зголемиле за  49,7%, додека од почетокот на годината до октомври за речиси 23%.

marketing

Веднаш зад нив се вработените  во финансиските услуги и дејностите во осигурувањето. Просечната исплатена плата изнесува 48.740 денари. Следуваат вработените во  воздухопловниот транспорт со речиси   46 илјади плата . Најбараните професии на пазарот – програмерите и  Ит техничарите  заработуваат во просек  по 40 илјади денари. Вработените во фармацијата, енергетскиот сектор, консалтинг услугите земаат плата од 37 до 39.000 денари.

Според  статистиката,  просечната исплатена нето плата во  октомври  изнесува 21 717  денар. што е порасат за  2,2% во споредба со октомври минатата година.  За истиот период пак, 1,4%  од вработените воопшто не зеле плата.

Благ пораст на месечните примања има во рударството., градежништвото, здравствната и социјалната заштита.  Според пресметките на статистиката, во просек по 26.860 денари се примањата во вработените во рудаството. Градежниците земаат над 19 илјади, а здравствените и социјалните  работници по 24 и 500 денари.

Прочитајте и:

Колкави се платите на маркетинг стручњаците ширум светот ?

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365