Home » Маркетинг & Адвертајзинг (page 30)

Маркетинг & Адвертајзинг

KFC направи лак за нокти со вкус на пилешко – “Прсти да си излижеш”

Kentucky Fried Chicken лансираше два различни лакови за нокти кои можат да се јадат, буквално “Прсти да си излижеш.” Ogilvy & Mather работеше заедно со прехранбените технолози од McCormick, компанијата за зачини која го снабдува KFC со својот таен микс од 11 состојки, за да ги создадат лаковите за нокти ... Read More »

Доделени регионалните награди за најдобра амбалажа РЕГПАК 2016

Во хотелот Шератон во Загреб на 12 мај 2016, седми пат по ред беа доделени наградите РЕГПАК за најдобра амбалажа во регионот, а беа номинирани 17 брендови со повеќе од 80 производи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Здружението Македонски совет за дизајн и оваа година ги ... Read More »

Блокирањето на рекламите до 2020 година ќе ги чини компаниите 27 милијарди долари

Според истражувањето на компанијата Juniper Research, компаниите кои се огласуваат на интернет до 2020 година би требало да забележат загуба од 27 милијарди американски долари. Таквите загуби би настанале како резултат на зголемениот број на корисници кои употребуваат некои од алатките за блокирање на реклами, но и заради се поголемата ... Read More »

Агенцијата од иднината

Пишува: Alexandra Bruell, lead agency reporter на Advertising Age “Зимата доаѓа” (Winter is coming). Старите фамилии ги спремаат своите трупи и ја преиспитуваат стратегијата во трката да ја осигураат својата територија пред да упаднат на неа нови и непознати сили. Најдобра опција би можела да биде (повторно) се да се ... Read More »

Топ 10 најуспешни креативни директори во Словенија

(РЕГИОН) – Словенечкиот Маркетинг магазин (www.marketingmagazin.si) објави листа на 10-те најдобри креативни директори според освоените бодови на Словенечкиот огласувачки фестивал (СОФ). Најмногу поени, на основа на бодувањето на проектите, освои Аљоша Багола, главниот креативен директор на агенцијата Пристоп (124 бодови). “Третата титула Креативен директор на годината претставува ласкаво признание, но ... Read More »

КМГ Спорт потпиша договор за соработка со агенцијата Фестивус од Загреб

Првата македонска агенција за спортски маркетинг, менаџмент и консалтинг КМГ Спорт потпиша партнерски договор за соработка со  една од најголемите агенции за скаутирање, менторирање и менаџирање на ракометари во светот, Фестивус од Загреб, Р. Хрватска. Фестивус како менаџерска агенција, со основна дејност спортски менаџмент и посредување во ракометот е основана од ... Read More »

Познати точки во џез ритам

Ако некогаш сте се прашале како популарната шпица на Дневникот на РТС би звучела во џез интерпретација, креативците од агенцијата McCann Белград ви откриваат: На светскиот ден на џезот 30 април, познатата музичка шпица тн.„точкаста планета“ на Дневникот на РТС доби своја џез варијанта. За прв пат уште од  седумдесеттите ... Read More »

Македонија прва во светот ја лансира новата Heineken лименка со нов визуелен идентитет

Жерар Адријан Хајнекен имал визија своето премиум пиво да го издвои од вообичаените пива во шишиња со кафена боја. Сметал дека ова пиво родено во Амстердам, а одгледано од целиот свет, со толку јасен, свеж и природен карактер, најдобро ќе се идентификува со зелена боја. Зеленото шише стана култно обележје ... Read More »

Marketing365 Marketing365 Marketing365