Интернет маркетинг речник – C

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

Call of action

Рекламен оглас кој ги поттикнува корисниците да превземат одредена дефинирана акција. Како на пример: “Кликнете овде” или ‘Купете сега”, или пак “Влезете сега за да добиете патување на Хаваи”

Campaign

Процесот на планирање, креирање, купување и следење на маркетинг проектот од почеток до крај.

Cascading Style Sheet (CSS)

Посебен формат на податоци кој се користи да ги раздели различните стилови во стуктурата на Веб страната

Classifieds and auctions

Се исплати кога огласувачите ги плаќаат на Интернет компаниите да листаат конкретни производи или услуги ( пр. Online табли за работа, листи на работни позиции, листи на недвижнини, автомобили, аукции, жолти страници).

Clicks

Број на кликови кои настанале како резултат на кликањето на корисницте на одреден банер и нивно пренасочување на Веб станата на огласувачот

Click tracking

Броење на кликовите на линкови преку програма за пренасочување која ги мери кликовите.

Click-through

Процесот на кликање на огласната реклама и доаѓање до дестинацијата на огласувачот

Click-through-rate (CTR)

Процентот на оние кои кликнале на линкот од вкупниот број што го виделе линкот. На пример, 10 луѓе пребаруваат веб стана преку некој пребарувач. Повратно добиваат линкови до повеќе Веб страни . 3 од тие 10 луѓе кликнале на еден ист линк. Тој линк има 30% стапка на клик (click-through-rate) CTR

Clickstream

Патот кој го поминува посетителот додека ги надгледуваат поединечните стани на една Веб страна. Корисно за самиот Интернет медиум е да знае кој пат го поминуваат посетителите пред да ја напуштат Веб страната

Content & Section Sponsorship

Е кога огласувачот ексклузивно спонзорира одредена секција од страната или е-мејлот ( вообичаено со содржина) обвиена со брендот на огласувачот.

Contextual search

Текст линкови кои се појавуваат во статијата засновани на контекстот на содржината, наместо на клучен збор поднесен од корисникот. Плаќање постои само кога ќе се кликне на линкот.
Спаѓа во Search Advertising.

Conversion

Термин кој се користи да го опише процесот на придобибање на посетителот да прифати понуда или да стане купувач. Огласувачите тежнеат кон вискоа стапка на конверзија

Conversion rate

Врската помеѓу посетителот на страната и акцијата која би била еден вид на “конверзија”, како продажба или барање на дополнителни информации. Најчесто изразена во проценти. Ако Веб страната има 50 посетители и 10 од нив направиле конверзија, тогаш страната има 20% стапка на конверзија

Cookie

Информации складирани во компјутерот на корисникот, така што референците се зачувани за идна употреба

Copy writing

Процесот на пишување на текстот во еден оглас кој би го привлекувал вниманието на читателите и би предизвикал интерес, желба и брза акција

Cost per action (CPA)

Модел на плаќање за Онлајн огласување кое е базирано само на конкретни акции, како продажба или регистрирани потрошувачи.

Cost per click (CPC)

Модел на плаќање за Онлајн огласување , каде огласувачот плаќа за секој клик на неговиот оглас

Cost per impression (CPI)

Модел на плаќање каде огласувачот плаќа за секое појавување на огласот на одредена Веб страна

CPM

cost per thousand impressions- Цена за 1000 импресии, модел на плаќање каде огласувачот плаќа цена по 1000 импресии односно 1000 прикажувања на огласот на одредена Веб страна.

CPS

CPS (cost per sale/ цена по продажба) е модел на плаќање кој е дел од CPA моделот и им овозможува на огласувачите да платат само кога е остварена продажба на посетител кој кликнал на одреден оглас

CPTM (The cost per targeted thousand impressions)

Цена по таргетирани илјада импресии е исто што и цена по илјада импресии, но ова се однесувасамо на таргетирани камањи.

CPP cost per rating point

Цена по 1% од специфициран аудиториум, од закупениотт огласен простор во даденото медиумско средство

Creative

Технологијата која се користи за креирање на банер огласот или друг вид на оглас. Најчестите креативи се во GIF, JPEG, Java, HTML, Flash или видео и аудио формат.

Consumer advertising

Оглас испратен кон лице кое е краен корисник на производот, наместо да се испрати на фирма или дилер.

Consumer behaviour

Студиите направени за однесувањето на потрошувачите ги проучува сите аспекти, како што се чувствата на потрошувачите, мислите и причините за донесување одредена одлука во купувањето производи и услуги

Cost per inquiry

Трошокот за да се поттикне едно лице да се интересира за вашите производи и услуги. Тоа е стандард кој се користи во маркетингот со директни одговори (direct response marketing)

Customer acquisition costs

Трошокот кој ќе настане при придобивањето на нов купувач

Cyber squatting

Кога едно лице ќе купи домеин кој е веќе заштитено име или сличен на заштитното име на друга компанија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *