battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Интернет маркетинг речник – E

Интернет маркетинг речник – E

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

Earning per visitor (EPV)/заработка по посетител

Скратеница за заработка по посетител. Се калкулира со делење на целата заработка од посетителите со вкупниот број на посетители

Efficient customer response (ECR)/ефективен одзив на потрошувачите

Да се има вистинскиот производ на вистинско место со вистинската цена и правата промоција, со акцент на тоа како производот им изгледа на потрошувачите – е интегрален дел за постигнување ефективен одзив на потрошувачите

Email

Трансмисија на компјутерски пораки преку телекомуникациски технологии.

Email marketing

Банери, линкови, спонзорства што се појавуваат во е-мејл весници, е-мејл маркетинг кампањи и други комерцијални е-мејл комуникации. Ги вклучува сите типови на електронски мејл ( пр. Основен текст или HTML ).
Промоција на производи и услуги преку е-пошта

Emotional selling proposition (ESP)

Единствена асоцијација воспоставена од потрошувачот за одреден производ. На пример, емоционален одзив кон одредена автомобилска марка обезбедува континуиран успех, дури и кога други производители ќе понудат посупериорни перформанси за иста цена

Entry page

Понекогаш се мисли на страна со логото каде пишува “кликни овде” за да се влезе во содржината на страната

EPC

Скратеница за “заработка по клик” (earnings per click). Се добива со делење на вкупната заработка со бројот на кликови

Exclusivity/ексклузивитет

Термин кој се користи во договорите така што едната страна и дава на другата страна единствени права за одреден бизнис. Доколку огласувачот побара нивните банер огласи да не ротираат со други банери на бараната Веб страна, тој бара ексклузивитет

Exit exchange

Договор помеѓу две или повеќе Веб страни каде секоја од Веб страните ќе прикажува банер огласи за другата страна во замена за истото да го направи и другата страна.

Exit page

Последната страна која ќе ја види посетителот пред да ја напушти Веб страната. Содржината на страната може да го намалува интересот за вашата Веб страна.

Exit traffic

Вид на сообраќај на посетители каде посетителите ја напуштаат страната со кликање на popup или popunder банер

Extramercial

Банер огласи поставени на екстра простор во десната страна на Веб страницата.

Ezine

Електронски магазин, доставен преку Веб страна или е-пошта

Ezine directory

Директориоум на електронски магазини, посебно од оние кои се доставуваат по е-пошта

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365