battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Интернет маркетинг речник – K

Интернет маркетинг речник – K

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

 

Kbps

Kilobits per second-килобита во секунда, стандардна мерка за модемска брзина

Key phrases/Клучни фрази

Фразите кои сакате да асоцираат на вашата Веб страна во пребарувачот. Повеќето луѓе пребаруваат комбинација на зборови, отколку еден збор, па пишувањето на вашата листа на клучни зборови, групирани во фраза, ќе ви дадат голема предност во пребарувањето

Keyword

Специфичен збор, или комбинација на зборови, внесени во пребарувачот кои резултираат со листа на Веб страни поврзани со клучниот збор. Клучниот збор (keyword) е содржината на барањето во пребарувачот

Keyword buys

Некои пребарувачи врзуваат одредени клучни зборови со продажни огласи. Кога корисникот пребарува одреден збор, резултатите најчесто се огласни банери на огласувачи кои ги откупиле тие клучни зборови

Keyword density/Густина на клучен збор

Клучни зборови како процент од индексиран текст. Процентот мери колку пати еден ист збор се повторува во текст на Веб страна. На пример, ако страната содржи 100 зборови, а 10 од нив се “куќа”, тогаш се вели дека има 10% густина на клучниот збор. Постојат програми кои ќе ја рангираат густината на клучните зборови, за еден еднинствен збор или комбинација на зборови, “нова куќа на продажба”

Keyword phrase/Клучна фраза

Се однесува на два или повеќе клучни зборови комбинирани за да формираат барање за пребарувачот

Keyword frequency/фрекфенција на клучни зборови

Обележува колку често еден клучен збор се појавува на една или повеќе страни. Генерално, колку повеќе пати еден клучен збор се појавува на една страна, толку повиско ќе биде рангирана страната во пребарувачот

Keyword makreting

Прикажување на оглсна порака на луѓе кои пребаруваат користејќи одредени клучни зборови и фрази

Keyword research

Пребарување на еден клучен збор за да се пронајдат сродни и поврзани зборови. Ова често се прави за да се пронајдат најпродуктивните зборови

Keywords tag

META tag кој се употребува за дефинирање на примарни клучни зборови на Веб страна

Keyword weight

Обележува колку често еден клучен збор се појавува на една или повеќе страни. Генерално, колку повеќе пати еден клучен збор се појавува на една страна, толку повиско ќе биде рангирана страната во пребарувачот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365