A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z
_________________________________________________________
AAAA
Основана во 1917, Американската Асоцијација на Адвертајзинг Агенции (АААА) е национална трговска асоцијација која ги претставува адвертајзинг агенциите во Соединтетите Американски држави.
Above the fold
Било кој дел од веб страната кој е видлив без движење на лизгачот надолу по страната. Огласниот простор во овој дел од страната има повисока цена бидејќи веројатноста огласот да биде виден од посетителот е поголема.
Acquisition cost
Трошокот на огласувачот за да придобие нов купувач. Огласувачот ја зема во предвид сумата на потенцијалниот приход од потенцијалниот купувач за целиот негов живот со цел да ги предвиди ваквите трошоци.
Ad blocking
Блокирање на оглас на Веб страна, најчесто графички Веб огласи.
Ad broker
Лице кое продава огласувачки простор за Веб страните
Ad flight
Времетраење на целата маркетинг кампањата
Ad inventory
Бројот на посети кои Интернет медиумот ги нуди за огласување
Ad network /огласувачка мрежа
Маркетинг агенција која често служи како брокер помеѓу Интернет медиумите и огласувачите. Широките адвертајзинг мрежи ги делат Интернет медиумите во неколку општи категории, со цел да понудат таргетирано огласување на огласувачите. Најголем дел од банер огласите на интернет се продадени и сервисирани преку адвертајзинг мрежите
Ad server
Компјутер, начесто управуван од трето лице, кој ги поставува и мери огласите независно од Веб страните на кои се појавува огласот. Користењето на ваков сервер помага за зацврстување на довербата меѓу огласувачот и Интернет страната, бидејќи статистиките се целосно објективни.
Ad space/огласувачки простор
Простор на Веб страната кој е достапен за поставување огласи
Ad units
Начин на поделба на огласите, како на пример банери, button банери, micro button банери, pop-up банери, skyscraper банери, текстуални линкови, interstitials банери и superstitials банeри (overlay). Овие формати се дефинирани од IAB
Advergaming
Може да опфаќа од купување од страна на огласувачот на сите единици за реклама во една игра до линк “спонзорирано од” за креирање на специјално брендирано доживување во играта.
Спаѓа во категорија Sponsorship.
Ad views/impressions – импресии
Означува колку пати огласниот банер е симнат (даунлодиран) и најверојатно виден од посетителите
Advertising agency
Адвертајзинг агенциите се компании кои креираат, дизајнираат и поставуваат огласи, и планираат и реализираат промотивни кампањи за нивните клиенти. Агенциите се поделени на два основни типа: агенции кои нудат целосни услуги и агенции кои нудат лимитирани услуги
Advertising network
Мрежата претставува повеќе Веб страни кои продаваат простор за огласување и им овозможуваат на огласувачите да достигнат до голем број на разни целни групи.
AIDA
Ознака за Attention, Interest, Desire and Action. Ова е историски модел за тоа како функционира адвертајзингот, започнувајќи со придобивање на вниманието на потрошувачите, потоа нивниот интерес, потоа желбата за поседување на производот и на крај превземање на некаква акција, односно купување на производот
Affiliate marketing
Поделба на приходите помеѓу огласувачите и објавувачите на огласите, каде компензацијата е базирана на мерење на ефектот, најчесто преку обемот на продажба, кликовите, регистрираните корисници.
Affinity marketing
Секој маркетиншки напор вклучувајќи email промоции, банери или offline медиуми насочени кон потрошувачите, со цел да се воспостави купувачки модел.
Agency
Адвертајзинг компанија која ги претставува другите компании преку спроведување маркетинг усуги како планирање, креирање, купување и следење рекламните огласи на нивните клиенти.
Anchor text
Текст кој е поврзан со хиперлинк (текстот на кој кликате во пребарувачот). Овој текст пребарувачите го користат за рангирање на резултатите.
Animated GIF
Графика во GIF89a формат кој креира ефекти на анимација со ротирање на серија од статични слики
Leave a Reply